Граѓаните поделени околу новите мерки

Законската обврска за носење маски на отворено половично се почитува. Во центарот на Скопје поголем дел од граѓаните носеа маски, и додека шетаа сами или седеа на клупа во парковите. Мирно го прифатија овој начин на живот, велат најважно било јавното здравје и ќе ги почитуваат мерките.

Но во други делови од главниот град изгледа веста за задолжително носење заштитна маска се уште не стигнала. Ретко може да се забележи почитување на мерките, пазарите преполни а дистанца скоро и да нема.

Од денеска задолжително носење маска на отворено, дури и ако сте сами. Мислењето на граѓаните поделено – едни сметаат дека оваа одлука е во ред, други пак велат дека граѓаните ќе носат маски само од страв полицијата да не им пише казна.

Новите мерки, ќе предизвикаат и поголеми трошоци кај граѓаните. Ако до сега мораше да носат само во затворени простории, сега тоа мора да биде постојано. Со оглед на големата потрошувачка, хируршките маски веќе одамна се за неколку пати поскапи од порано.

Прашањето е дали властите ќе овозможат бесплатни маски за оние кои не можат да набават? Во 2018 година Министерот за здравство најави бесплатни маски за хронично болните поради загадениот воздух, но се уште ништо од тоа ветување.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста