Газдите и натаму си играат мајтап со работниците, без плата годинава останале над 700 работници

Продолжува праксата за злоупотреба на државната помош, а газдите и натаму си играат мајтап со работниците. Вкупно 2.286 фирми кои лани добиле државни пари, на работниците не им исплатиле ниту денар, па сега парите мора да ги вратат назад, велат од УЈП. Само за февруари и март годинава, 181 работодавач не исплатиле плати на 753 вработени. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 компании не им дале пари на вработените за двата месеца.

  • Вкупно 181 работодавач злоупотребиле 196.000 евра од финансиската помош од државата за исплата на плати за февруари или март. Без плата оставиле 753 работници. Од нив 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеци. Компаниите добиле опомени, а УЈП најавува присилна наплата ако не ги исплатат платите во наведениот рок. Нив им се заканува и казна од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата, соопшти директорката на Управата за Јавни приходи, Сања Лукаревска.

Во меѓу време, голем број граѓани уште ги немаат добиено парите од поврат на ДДВ од скенираните сметки за првото тромесечје, и покрај тоа што исплатите требаа да се извршат минатиот месец. Од Управата за јавни приходи се правдаат дека правеле технички пролагодувања за да имаат поголема контрола на исплатите. Велат рабоеле на отстранување на проблемот.

  • Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ зашто имавме одредено техничко доусогласување откако се случи минатиот пат да имаме двојна исплата. Многу внимаваме во тој дел, да не ја направиме истата грешка. Навреме како и досега ќе биде реализиран повратот на средства кај граѓаните, истакна Лукаревска.

Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот. Присилна наплата, вели, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември. До Генералниот секретаријкат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО. Инаку, највисокиот износ на финансиска поддршка месечно по работник е 21.776 денари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста