Галата Сарај го сака нашиот Елиф Елмас на една година

Фудбалската секција на истанбулскиот гигант Галатасарај подготвува план за едно годишно позајмување на Елиф Елмас од Наполи. Црвено жолтите на Фатих Терим ја загубија титулата во својата земја и во претходната сезона завршија дури како шести, па сакаат брза промена на ритамот, а за тоа им се неопходни големи засилувања. Според планот на Галата, Елмас би бил кај нив една година, би имал загарантирана минутажа, а потоа би се вратил во Италија. За сега нема реакција од играчот, но и од Наполитанците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста