Фолк пејачот Спасен Сиљаноски позитивен на Корона вирус

Фолк пејачот Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на Ковид-19. Веста ја потврди на социјалните мрежи, но вели дека нема симптоми.

-Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова – информира музичарот, кој моментално се наоѓа во изолација. Веста дека Силјаноски е позитивен на корона вирус вознемири добар дел од естрадата. Пред неколку дена, тој имал средба со повеќе колеги.

 

https://www.facebook.com/spasen.siljanoski.9/posts/3267178333508247

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста