ЕУРОФАРМ ГО ДОЧЕКУВА ВАРДАР ВО МЕЧ ЗА ТИТУЛАТА ВО МАШКОТО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО

Еурофарм Пелистер попладнево го дочекува Вардар во второто нивно сезонско соочување кое најдиректно ќе даде одговор на прашањето за титулата во машката ракометна лига Супер лига.  Тоа е дуел од десеттото коло во кое битолчани влегуваат со 8 победи и пораз од црвено црните кои освен стонастотниот ефект имаат и осум разлика од меусебниот меч во март. За Еурофарм Пелистер да се надева на победа во шампионатот му е потребен триумф од 9 гола, а се друго би било во полза на Вардар. Колото инаку го отворија Охрид и Пролет 21-22, а го продолжуваат втората екипа на Еурофарм и Металург и на Струга и Бутел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста