ЕХФ ГО ОДЛОЖИ МЕЧОТ МЕЃУ ВАРДАР И ЕЛВЕРУМ ПОРАДИ КОРОНА-ПРОТОКОЛИ

Натпреварот меѓу Вардар и Елверум во второто коло од ракометната ЛШ нема да се одигра в четврток во Скопје, официјално потврди ЕХФ.Елверум побарале одложување на мечот против Вардар бидејќи Македонија е на црната ковид листа во Норвешка. А тоа значи, доколку ракометарите на Елверум гостуваат во Скопје, по враќањето во нивната земја ќе бидат принудени на 14 дневен карантин. Тоа не можат да си го дозволат, па затоа ургирале за нов термин. ЕХФ им излезе во пресрет со тенденција за реализација на дуелот кога ќе се создадат услови. Ова е веќе втор одложен меч по стартното дерби меѓу ПИК Сегед и ПСЖ, и доколку продолжат со ова темпо, хаосот во распоредот на штотуку почнатата сезона е неизбежен. Да не заборавиме дека сеуште не е завршена ланската и Ф4 турнирот е планиран за последниот викенд во декември годинава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста