Џејми Оливер отвора ресторани на Бали и во Бангкок

Шест месеци откако беше принуден да затвори 22 од вкупно 25 ресторани во Велика Британија, познатиот готвач Џејми Оливер ќе отвори ресторани на Бали и во главниот град на Тајланд, Бангкок.

Тој ќе отвори два нови ресторани под името „Кујната на Џејми Оливер“ во негови објекти што до сега беа со италијанска кујна.

Познатиот готвач планира и до крајот на 2020 година да покрене меѓународна франшиза и да отвори 21 нови ресторани.

Оливер поседува 70 ресторани во светот, кои функционираат како франшизи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста