Денеска е Курбан Бајрам, како се слави?

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, овој празник трае четири дена.

На првиот ден од празникот се изведува Бајрам намаз – молитвата за Бајрам, со која се бара милост од Алах. Принесувањето жртва – курбан, има симболика на приближување кон Бога. Како курбан се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста