Цеца го покажа луксузот во вилата во Кипар – кога ќе го видите базенот ќе ви се заврти во умот, особено кога ќе дознаете како ја купила истата

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе неколку денови ужива на Кипар, а сега со фановите сподели и како навистина изгледа погледот од нејзината луксузна вила.

Имено пејачката оазата на мирот ја пронајде во својата вила на Кипар која како што порано изјави ја купила на кредит.

Овој пат пејачката ја покажа огромната тераса со базенот од кој буквално застанува здивот.

Инаку Цеца пред неколку години ги отвори вратите на вилата за водителот Огнен Амиџиќ кој е единствениот новинар кој влегол во нејзината вила на Кипар.

-Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самата обала. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од мојата вила, а јас веднаш знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит, да куќата ја купив на кредит кој нормално месечно го отплаќам, изјави тогаш Цеца.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста