Бундес лигата го објави комплетниот распоред за новата сезона

Бундес лигата го објави комплетниот распоред за новата сезона. Шампионскиот пехар годинава го освои составот на Баерн Минхен кој одбраната на титулата ја започнува на 18 септември со дуел против Шалке. Првото дерби во сезоната помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн М ќе се игра на “Сигнал Идуна Парк“ на поелчтокто од ноември во рамките на 7.коло, додека возвратниот меч на “Алијанц Арената“ е планиран во рамките на 24.коло во периодот помеѓу петти и осми март. Потсетување Бундеслигата мината сезона ја напуштија екипите на Падеборн и Фортуна Дизелдорф, додека во првата лига се вратија Штутгарт и Арминија Билефелд.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста