Бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е негативен на КОВИД 19

Бугарскиот тенисер Григор Димитров објавува дека е негативен на КОВИД 19 и дека тестирањето во Монако покажало дека тој се извлекол од канџите на вирусот. Димитров беше првозаразен на Адрија Тур во Задар, па и посочен како некоректен бидејќи на време не пријавил дека има симптоми, по што беа заразени и Ѓоковиќ, Чориќ, Иванишевиќ.