Бејтулаи се врати во Шкендија, во Тетово останува и најдобриот

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи по кратката авантура во шведскиот Хелсингборг се врати во Шкендија. За официјалната веб страница на клубот вели дека не очекувал толку брзо повторно да ги брани боите на тетовските црвено-црни, иако знаел дека еден ден пак ќе се врати во својот дом. Во Хелсингборг воопшто не доби шанса, за разлика од претходните шест сезони како стандаден дефанзивец во Шкендија. Актуелниот мак првак и покрај големиот интерес од Албанија и Косово успеа да го задржи и најдобриот стрелец Бесар Ибраими, кој ќе потпише договор за нови две сезони.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста