Се предлага законска можност за декларативна промена на полот – ќе биде потребна само изјава заверена на нотар

Само со копија од лична карта и барање заверено на нотар, граѓаните ќе може декларативно да го сменат полот – од маж во жена и обратно. Вакви измени во Законот за матична евиденција, предложи Владата, а истите според информации на Алфа веќе во вторник и тоа со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците.

Закон за матична евиденција, член 19-в СЛИКА ОД ЗАКОН

  • Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање.

Членот кој ќе биде додаден, доколку пратениците го изгласаат овој закон ќе ја допрецизира дефиницијата на родовиот идентитет.

  • Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.

Опозициските партии реагираа дека со овој Закон, може да се создадат услови во индина да се измени Законот за семејство, со кој се регулира брак и смејеството како заедница меѓу маж и жена. Алијанса за албанците и ВМРО ДПМНЕ, со образложение дека се посветени на зачувување на семејсните вредности и институцијата семејство, истакнаа дека нема да го поддржат овој Закон.

Ниту, сега владејачката Алтернатива не се согласува со предлогот на Владата. СДСМ пак, се правда дека овој закон бил со цел, да се заштителе граѓаните од судски одлуки во Стразбур, што ќе влијаело и на заштита на државниот буџет од тие судски одлуки. ДУИ засега не го соопштува ставот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста