ЗА ВАРДАР МЕШКОВ БРЕСТ Е ФАВОРИТ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРВИОТ ДУЕЛ ОД ЛШ ЗАКАЖАН ЗА СРЕДА

Ракометарите на Вардар се подговтуваат за првиот меч од новата сезона во Лигата на шампиони. Македонскиот тим и натаму важи за актуелен првак во ова натпреврување со оглед на тоа дека пандемијата завршницата годинава во елитниот шампионат ја помести дури за декември. Прв противник на Вардар ќе биде Мешков Брест, а според тренерот Стефче Алушевскибелорускиот состав ќе има улога на благ фаворит во ппресрет на дуелот закажан за среда. Тој смета дека формата на тимот се подоброува и таа ќе расте од натпревар во натпревар. Мешков Брест е добро познат противник за скопските црвено-црни и од мечевите во СЕХА лигата, а тие годинава како големо засилување во своите редоиви го имаат Сташ Скубе кој пред летото се одлучи да го напушти Вардар. Во таборот на вардарци се враќа Стојанче Стоилов, а неизвесен е Кристија Дисингер кој се пожалил на повреда.  Нашиот единствен претставник во Лигата на шампиони утре со чартер-лет ќе патува за Брест, а натпреварот помеѓу Мешков и Вардар се игра во среда од 18:45 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста