Сообраќајна незгода во Куманово

На 20.08.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.М.(23) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(52) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста