Барселона и Баерн вечерва се дел од дербито на 1/4 финалето во ЛШ

Барселона и Баерн Минхен вечерва се дел од големото дерби на четвртфиналето во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Се игра во Лисабон и тешко е да се одреди кој е поблизу до квартетот на завршниот турнир кој од пред два дена се одржува во Португалскиот главен град. Германците имаат импресивни 8 победи сезонава со гол разлика од 31-5, а Шпанците седалеку поскромни, па и со неколку ситуации во кои мораше да се помачат, но од друга страна тие го имаат Лионел Меси, кој познато е може и сам, може и многу. Според букмејкерите Баерн е сериозен фаворит што се должи и на иснесеното, но можеби и на четирите нивни победи во последните пет соочувања во Лигата на шампионите. Натпреварот започнува во 21 часот, а по него од четвртфиналната програма меѓу најелитните ќе има само уште еден дуел, меѓу Манчестер Сити и Олимпик Лион и тоа утревечер на истото место, во Лисабон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста