259.848 нови случаи на коронавирус во Светот

За 24 часа се регистрирани 259.848 нови случаи на коронавирусот во светот, соопшти Светската здравствена организација. Бројот на нови случаи на заразени бележи рекорден пораст веќе втор ден по ред, бидејќи за 24 часа се регистрирани 259.848 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација

Најголемем пораст има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во дневниот извештај на СЗО. Претходниот ден, регистрирани се 237.743 новозаразени.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 7.360. Повеќе од 14 милиони луѓе се заразени со вирусот во светот, а речиси 600.000 починале.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста