УЈП дозволиле да истече лиценцата за скенерот за фискални сметки, сега се врши ажурирање на апликацијата „МојДДВ“

Граѓаните реагираат – апликацијата „МојДДВ“ бе работи веќе два дена. Управата за јавни прходи не реагирала навреме и дозволила лицнцата да истече. Од таму тврдат дека станувало збор за ажурирање на софтверот.

Апликацијата „МојДДВ“ веќе два дена работи со тешкотии. УЈП дозволила да истече лиценцата за скенерот за фискални сметки. Од Упрвата, пак, тврдат дека станувало збор за ажурирање на софтверот и се работело на отстранување на проблемите.

  • Брзиот раст и развој на технологијата, наметнува потреба и од прилагодување на апликацијата МојДДВ. И во минатото, имаше повеќе прилагодувања на апликацијата. Овој пат, ажурирањето се однесува на бар код читањето во апликацијата, со цел да се овозможи брзо,  лесно и напредно скенирање на сметки на новите верзии од оперативните системи, велат за Алфа од УЈП.

Сепак, одговор зошто било дозволено ова и не било постапено на време, нема. Иако се обидовме да стапиме во контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, барем денеска не беше расположена за коментар околу ажурирањето на апликацијата.

Апликацијата и сега може да се користи иако не ги „фаќа“ сите фискални сметки. За да може да скенирате треба во во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберете опцијата „Основен“.

Фискалните сметки кои никако не може да се скенираат, тоа може да го направат на киосците и бар код читачите во просториите на Управата за јавни приходи. Апликацијата мој ДДВ ја користат над 460.000 луѓе.

Бранот поскапувања ги осиромаши граѓаните, но ја збогати Владата. Повисоките цени значат и повеќе собрани даноци, пред се ДДВ. Пред три недели УЈП најави дека ќе го зголеми прагот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“ од 600 на 700 денари месечно, но дури од јануари, иако средствата што ги собира поради инфлацијата се многу поголеми уште сега.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста