Средношколците бараат еднаков пристап до јавниот градски превоз

Дискриминација на најмладите во Македонија. Правото за слободен јавен градски превоз во главниот град не го уживаат учениците во приватни училишта, оние кои живеат на помалку од 2 километри од чилиштето, како и други, поради различни причини.

Од сојузот на средношколци ќе достават предлог измени на законот за средно образование до Собранието. Оттаму бараат правото на бесплатен превоз да стане универзално за средношколците.

  • „Се фокусираме на учениците од приватните училишта, на учениците кои што живеат на помалку од 2,5 километри, учениците со попреченост, учениците кои што посетуваат феријална практика. Сметаме дека овој закон е консензуален и компромисен, односно дека треба да биде прифатлив за сите пратненички групи.“ – Истакна Лука Павиќевиќ од Сојуз на средношколци

Тие додаваат дека нивните предлог измени на законот предвидуваат крај на дискриминацијата врз сите основи.

Рамноправноста пред законите е спомената на неколку пати во Македонскиот Устав. Поради што, средношколците велат дека ако не најдат на разбирање во Собранието, ќе го оспорат постојниот закон пред уставниот суд.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста