Спречен напад со дронови врз Москва – Русија ја обвинува Украина, Киев негира

Две беспилотни летала лансирани од Украина ја нападнаа Москва рано утрово, но беа пресретнати и уништени, соопшти Руското министерство за одбрана.

Руските државни новински агенции објавија дека делови од дронот биле пронајдени на два километри од зградите на Министерството. Нарекувајќи го „терористички напад“, Министерството за одбрана на својата апликација за пораки Телеграм објави дека нема жртви во нападот.

Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.

Од Киев ги негираат ваквите тврдења, а Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата во Украина контролирана од Русија, но во последните месеци изјави дека уништувањето на руската воена инфраструктура и помага на контраофанзивата на Киев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста