Славески: Власта не се справува со кризата, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа

Актуелната власт не знае, но и не може да се справи со економската криза, високите цени на храната и енергенсите кои постојано растат, а стандардот на граѓаните опаѓа, реагираат од опозициската партија. Според поранешниот министер за финансии Трајко Славески, инфлацијата не е феномен предизвикан само од еден фактор, како што се тврди дека таа е увезена, туку тоа се еден куп фактори. Дека земјава лошо се справува со се, покажуваат документите од Меѓународен монетарен фонд, но и Светска Банка, која во последниот извештај за Македонија се вели дека инфлацијата се забрзува, од една страна заради растот на цените на храната и енергијата, но и поради притисокот на двоцифрениот пораст на минималната плата.

  • Инфлацијата не е феномен предизвикан само од еден фактор, како сега што се тврди дека таа е увезена, не зависи ништо од тоа што тие го прават. Но, ако нас не ни веруваат нека ги погледнат документите од Меѓународен монетарен фонд пред неколку години и сега и на Светска Банка. Пред недела дена излезе извештајот за земјите од Западен Балкан за економската состојба и таму има едно посебно поглавје за Република Македонија. Уште првата реченица стои дека инфлацијата во државата се забрзува, од една страна заради растот на цените на храната и енергијата, но и поради притисокот на двоцифрениот пораст на минималната плата, рече Славески.

Во однос на мерките на владата, Славески посочи дека истите не покажале резултати и дека цените на прехранбените производи и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен.

  • Не се справи владата добро со мерките во однос на замрзнување на цените, понатаму нула маржи, бидејќи се гледа дека цените и понатаму растат и се на високо ниво со што стандардот на граѓаните не е заштитен, нагласи Славески.

Дека владините мерки не покажале резултати, и повеше направиле штета отколку добивка за бизнисите, велат од ВМРО-ДПМЕ. Гордана Димитриевска Кочовска предупредува дека наместо власта да ги продолжи реформите кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе, тие не прават ништо добро во однос на подобрување на економијата.

Македонската економија во последните две години ја живее најтешката криза досега, а сега се најавува и затегање на монетраната политика и поскапување на кредитите, во услови на скапи енргенси ова значи дека состојбата ќе биде се полоша.

Дека се живее лошо, и граѓаните едвај крпат крај со крај, покажа и статистиката која објави дека над 450.000 граѓани се под прагот на сиромаштијата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста