Скандалот со „Жан Митрев“ ја згрози јавноста – но зошто две години се молчело за него?

Скандалот со клиничката болница „Жан Митрев“ кој одекна по објавувањето на документарецот на истражувачката репортерска лабараторија ја згрози јавноста и ги крена на нозе сите во државава. Документарецот го скенираше начинот на работа, во болницата за време на Ковид – пандемијата со сведоштва на пациенти, или нивни блиски, кои тврдат дека биле измамени. Оваа сторија се работела две години, а за тој период биле прашувани и еден куп од надлежните индтфгтитуции, кои дури сега се мобилизираа. Проблемот е многу сериозен, а дилемите уште повеќе. Една од нив, зошто ако се знаело за случувањњта во Клиниката уште поодамна не се реагирало веднаш. Упатените критикуваат, јавноста бара одговори, но и одговорност.

Две години молк од институциите за наводите за лекарски пропусти и незаконски испитувања на пациентите во болницата „Жан Митрев“. Документарецот на ИРЛ бил подготвуван 22 месеци, а за тоа време биле контактирани сите надлежни органи. До објавувањето на истражувањето, тие не презеле ништо. Дури потоа започна вонреден инспекциски надзор на Клиниката.

Доктор Милан Ристески за Алфа вели дека здравството е сериозен бизнис со огромни профити па не е изненаден за молкот на надлежните.

  • Освен вработените внатре друг и никој не знаел дека се вршат клинички испитувања. Но во однос на тоа клиничко испитување, сите законски нормативи се срушени, се погазени. Така што институциите комплетно во оваа држава непостојат. Би сакал сите за се да одговараат за стореното. Ако нема комплетен ресет во држава, се ќе биде исто, лошо, караванто ќе си врви, а кучињата ќе си лаат, вели за Алфа доктор Милан Ристески.

Методот на хемофилтрација во клиниката на „Жан Митрев“ се наплаќал и до 5.000 евра, пари кои граѓаните биле приморани да ги обезбедат, за на крај да останат и без пари и без човек.

  • Прашањето е дека луѓето се продавале тоа е така, но имаме и комплетно спротивна слика – Автобусот се запали, без никаква дозвола, потоа луѓето заминаа на шопинг и живи се запалија исто така, и кој понесе за се тоа одговорност? Шоферот што почина, или пак кабелот? и што потоа? никому ништо, немам зборови, додава Ристески.

Најави за вонредни контроли дури вчера стигнаа од министерот за здравство Беким Сали, кој инаку одбил да даде изјава додека се правело истражувањето.

Проверки ќе прават Државниот здравствен и санитарен инспекторат, како и МАЛМЕД.

  • “Пратен е допис до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во клиничката болница „Жан Митрев“. Исто така, побарав информација од инспекторатот дали во периодот од последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од нив. Второ, Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) веќе иницираше вонреден инспекциски надзор во однос на постапката за тоа дали е почитувана или не е почитувана постапката за клиничко испитување на хемофилтрацијата како метод на лекување на ковид-19. Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клничката болница „Жан Митрев“. Третата постапка што повторно ја актуелизираме пред Лекарската комора на Северна Македонија е спроведување на бараните стручни надзори на лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“, рече Беким Сали, министер за здравство.

Експерсно се огласија и од Јавното обвинителство. Велат дека веќе оформиле предмет кој ќе ја испита целата постапка. Од „Жан Митрев“ преку соопштение ги негираа овие, како што велат, неточни информации, кои според нив се насочени кон намерно уривање на угледот на болницата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста