Се урна плафон во градинка во Општина Карпош

Ова се остатоците од занималната во детската градинка Мајски Цвет во Тафталиџе по уривањето на кровот. За среќа масичките и столчињата биле празни затоа што кровот попуштил за време на викендот кога нема никој во градинката, па затоа и нема повредено деца или негувателки. Станува збор за објектот „Јасмин„, кој е всушност нов дел од градинката, што власта на СДСМ неколку пати го отвораше, па дури во присуство на екс-премиерот Зоран Заев. Овој дел од градинката денеска не се користи за згрижување на деца.

Среќа што немало деца, затоа што изгледа како да удрил ураган. Зад камерата на Алфа, ова беше обајаснувањето на вработените во градинката Мајски Цвет, откако викендов се отворила дупка во кровот во една од детските занимални. “

Градинката ја затекнавме и без вода. Ниту чешмите, ниту тоалетите не беа во функција. Зад нашата камера, вработените велат дека тоа е честа појава и се случува без најава. Претпоставуваат дека причина се градежните активности околу градинката. Директорката на градинката не беше присутна за да даде објаснување, но затоа градинката ја посети актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски кој се сомнева дека причината за уривањето на кровот било комбинација на повеќе фактори.

– „За жал има паднато плафон кој е од гипс картон. Утврдуваме дали проблемот е технички или поради лошо одржување. Мое лаичко мислење е кобиниран проблемот, затоа што не се одливало се она што се собирало во олукот и се собирал смет, дрвца… И сето тоа попречувало одлив во сливникот.“ – Изјави градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски.

Инаку, за овој дел од градинката власта на СДСМ дури во 5 наврати организираше настани за да се пофали со објектот. Почнаа од темели, па правеа увид, ја следеа изградбата, па на крај организираа свечено отворање. На овие настани се сликани поранешниот премиер Заев, екс-министерките Шахпаска и Царовска, и тогашниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста