Протест во Карпош: Жители бараат итно гласање на ДУП-от за да можат да се вселат во своите домови

Ако треба ќе спиеме на асвалт секој ден, дури не ни се реши проблемот, велат жителите од населбата Тафталиџе, кои го блокираат булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов, затоа што со години ги чекаат ветените згради, па дел или живеат под кирија или во руинирани куќи. Велат, проблемот е што не е изгласан деталниот урбанистички план од Општина Карпош и предолго се во неизвесност. Нивните претходни домови се урнати или оставени на забот на времето оти не смеат да ги реновираат, а оние кои се под кирија не знаат инвеститорот уште колку долго ќе им ги покрива трошоците.

– „Дојдовме до состојба, да јас сум 5та година подстанар, куќата е срушена, јас веќе немам каде и никако да се реши тој проблем. Ако треба ден и ноќ на асвалтот ќе спиеме овде.“ – Во револт раскажува жителот Ицко Петрески.

Бараат само достоен живот, како што доликува на централно градско подрачје.

– „Имаме преку 17 семејства на кои веќе куќите им се срушени. Луѓето се под кирија. Тоа е премногу загрижувачки, вели жителот Дарко Несторовски и додава – „Згрозени сме веќе од ова. Ова не можевме да го издржиме. Чекавме позитивен одговор од општината. Не да се смилуваат, туку да излезат со правична одлука, да кажат, чекајте малку и тие се луѓе на Општина Карпош, меѓутоа нема никаков слух. Со нашето молчење тие веројатно си купуваат време.“

Протестот кој започна овој понеделник, ќе трае од 14 до 16 часот секој ден до петок. Карпошани порачаа дека нема да застанат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста