Протести во Бугарија по обидот за атентат врз главниот обвинител Гешев

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска протестираа пред судовите низ државата. По обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери.

Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.
Првичната истрага покажала дека атентаторот имал визуелен контакт со автомобилот на гешев, а бомбата со моќност од три килограми „ТНТ“ ја активирал со далечински управувач,
Бугарското обвинителство утврдило дека се работи за класична заседа. Бугарската полиција соопшти дека има осомничени, но не откри повеќе детали. придружуван од конвој возила, Гешев патувал со сопругата и двете ќерки и како што самиот кажа вистинска среќа е што во последен момент ги сменил возилата и се превезувал во блиндиран автомобил.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста