Прокоцкани 31 години на економски план

Поразителни бројки и уште полоши прогнози. Економијата ни е на колена, а тоа го покажуваат и статистичките податоци. Кризата, ќе биде подлабока од очекуваното. Експертите предупредуваат дека компаниите едвај преживуваат, а ако итно, не им се помогне – да застанат на нозе, ситуацијата, може да излезе од контрола. Заклучокот е – прокоцкани 31 година на економски план во Македонија.

Пропуштени шанси за подобро живеење, без економски просперитет, со еден куп прокоцкани можности за стабилизација и нормално функционирање. Вака накусо познавачите на состојбите ја гледаат Македонија на економски план и по 31 година, во време кога светот замина светлосни години напред. Економистот Бранимир Јовановиќ смета дека Македонија не успеа да направи исчекор како што се ветуваше уште на почетокот од 90-тите години, па затоа наместо напредок, ни се случува економска стагнација. Сега, добро живеат само одредена група на луѓе, блиски до власта кои само трошат, без да се потрудат да направат нешто добро за државата, граѓаните, но и стопанството кое е мотор на една економија.

  • Мислам дека овие 30 години се години на пропуштени шанси. Македонија не успеа да направи исчекор како што се ветуваше уште на почетокот од 90-тите години, односно кога се распаѓаше Југославија, па затоа наместо напредок, ни се случува економска стагнација. Се сеќавам што тогаш се случуваше и се пропадна во вода. Сегашниот живот е далеку полош од животот тогаш, сетоа тоа е поткрепено со факти и докумети. Сиромаштијата сега многу повисока сега, отколку тогаш, а тоа е погубно за граѓаните на Македонија, вели за Алфа економскиот аналитичар и добар познавач на економските прогнози за Македонија, Бранимир Јовановиќ.

Животот кој сега го имаат граѓаните на независна Македонија е неквалитетен, економски сведен на најниско ниво, зашто ниту една институција речиси и да не функционира.

Економистите велат дека се чека на време кога во Македонија ќе останеме без работници, не без работоспособно население кое веќе и да го нема, туку без млади луѓе, кои развиените земји со душа ги чекаат, за разлика од кај нас, што правиме се за да ги избркаме од сопствената држава.  

Капак на се е беспарицата и високата стапка на инфлација, која надмина 16%, и според економистите ако власта и натаму спие, инфлацијата за многу брзо ќе стаса и 20%.

  • Инфлацијата во Македонија е вон контрола, па така ова не треба никого да чуди, затоа што Владата не прави ништо за да ја заузда. Голема илузија е дека инфлацијата ќе се намали сама од себе. Тоа нема да се случи од две причини. Првата е што цените на меѓународните пазари продолжуваат да растат, особено на гасот и струјата. Втората е што домашните фирми ја користат ситуацијата и ги креваат цените и кога нема потреба, само за да си ги зголемат профитите, додава Јовановиќ.

За разлика од кај нас кои правиме се за да се исели населението, владите во другите држави прават се за да ги задржат работниците, отворајќи нови можности, повисоки плати во време на скапотија, само да им пружт подобар живот на нивните граѓани.

  • Ќе ја земам за пример Австрија, тамошната Влада неодамна реши да ги ограничи цените на гасот и струјата, а за такво нешто деновиве се разговара и на ниво на ЕУ. Во Македонија инфлацијата е од малку поинаква природа, не доаѓа толку од гасот и струјата, туку пред сè од храната, и затоа она што Владата треба да го направи е да ги ограничи цените на основните прехранбени производи, како што направи кон крајот на ланската година, вели економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

Економистите по кој знае кој пат алармираат дека состојбата не чини и дека државата до сега требаше под итно да преземе мерки за ублажување на ценовното цунами. На врата ни торпа тешка зима, со еден купи натрупани проблеми.

Дека не очекува тежок период, веќе потврдија и меѓународните финансиски иснитуции, кои досега неколку пати алармираа дека цените ќе одат на горе, а сиромаштијата ќе се повеќе ќе продлабочува.

Ако држвата не направи сериозен исчекор во догледно време, за жал ќе заборавиме на добар економски просперитет, заклучуваат економистите. Па така, Македонија само ќе животари, наместо сериозно да се развива.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста