Новогодишна шопинг треска, иако се уште сме во економска криза

Вистинска врвулица во трговските центри во деновите пред празниците. Шопинг моловите полни, ама кесите попразни, за разлика од пред неколку години. Иако кризата ја намали новогодишната еуфорија, ама сепак, барем за момент, можеа да се забележат насмевки на лицата на граѓаните.

Ако се направи една обиколка во поголемите молови, посебно пред крајот на оваа 2022, секој брза за некаде, купува на големо – како да нема утре, и барем за момент сите забораваат дека сеуште сме во економска криза.

Иако празничната еуфорија годинава е во минимални дози, за разлика од претходно, сепак граѓаните даваат се од себе за да си ги разубават деновиве.

Новогодишната шопинг треска не запира тука. Најважни се плановите за самиот дочек, за вечерта на 31 декември. Има многу опции – дома, кафеана, дискотека или на пат. Сепак, се зависи од домашниот буџет.

Главно граѓаните ќе останат дома за Нова Година, барем оние повозрасните, кои велат дека ќе потрошат значителна сума за подготовка на храна, но и да земат нешто за пиење.

И на крајот од оваа година, граѓаните не заборавија да се пожалат дека парите не стигаат за се, зашто скапата живеачка, економската криза, но и инфлацијата си го направиле своето.

  • Иако е скапо, сепак мора да направиме нешто да ни биде убаво, сепак сме во една еуфорична атмосфера, која треба колку толку да потсеќа дека се ближат празници, веалт граѓани во изјава за Алфа.

Иако испраќаме година која беше економски тешка, изгледа граѓаните колку – толку се обидуваат да заборават на секојдневните проблеми. Стравот од празни џебови по се изгледа дека останува и за новата 2023, но за момент секој сака да се опушти и со насмевка да ја дочека годината пред нас.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста