ГОДИНА ОД БАЈКИТЕ НА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: СМЕШНАТА СТРАНА НА СЕРИОЗНИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР

2022-ра годината од бајките за македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Од политички анонимус до најголемите политички височини. На 17-ти јануари, Заев му го предаде својот владин кабинет на својот партиски наследник и така почна големата авантура на Ковачевски.

-Јас нив сум ги видел во Белград, сите ми ја фалеа ракијата, кажа Ковачевски купувајќи ракија на саем во Скопје

И очигледно ракијата навистина била добра.

-И да кажеме конечно Македонија седи дамо ро драмо, погрешно премиерот
-Присцидсиплинање, уште еднаш погреши премиерот.
-Обловловливи извори, уште еднаш погреши премиерот
-Никој не ги уценува пензининерите, уште еднаш погреши премиерот.
-Драги другарки и другарки, се збуни премиерот.
-Европска унија… а…. концепт, се збуни Ковачевски

А добрата ракија очигледно е добра и за соработка.

-Може да се соработува, дека треба да се соработува и дека ќе претставуваме пример за успешна соработка, која што соработка, ќе доведе да бидеме пример, изјави Ковачевски.


А шефот ракијата можеби ја дели и со министрите во својата Влада.

-Необрзу, необрзувачка, узачка, се извинувам понуда, се збуни министерот за животна средина Насер Нуредини.


А премиерот својата прва година ја помина со весели мигови и тоа заедно со колегите, во прв ред министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Стани Цаци да те види сала, премиерот ја повика министерката.


А реши да си заштити авторски права за Стани Цаци.


-Не можете вие да кажувате реченица од типот стани Славјанка или било кој друг, затоа што таа реченица јас сум ја кажал, изјави Ковачевски.


А ја доживеа и македонската судбина. На Македонија и го променија името, на Ковачевски презимето.
А сега ќе ви се обрати господинот Димитар Ковачевиќ, со погрешно презиме го повикаа да говори нашиот премиер.


А и премиерот дополнително и го промени променетото име на државата.


-МакедоВнија, наместо Македонија кажа премиерот.

А варијација на која премиерот се насмеа доби и неговата партија.

-Фала СеДеСеМе, Седесеме, Седесеме, Седесеме, вака беше повикувано името на партијата.


Сепак и во бајките несекогаш е се најубаво.


-Како се чувствувам? Ни малку добро, многу бев вознемирен, кажа Ковачевски во Собранието.


Не беше бајковита ниту според премирот македонската победа во спорот со Бугарија, му бил паран стомакот.

А причина за нервоза беше што немало демант на неговите зборови.


-И ќутат, никој не ме демантира, четврти пат го кажувам ова и никој не ме демантира, се изнервира премиерот.


Можеби на нервозата влијаеше и поскапувањето основните продукти, меѓу кои и лебот, па еден наш колега новинар реши да му подари леб на премиерот.

Сепак и вознемирен премиерот ни раскажа една тажна љубовна приказна.


-И за да не го земе оваа го ставил го крие меѓу нозе, кажа премиерот.

Лесно почитувани се доаѓа. До тоа Крива Паланка да стане град со повеќе илјада километри, доколку смета премиерот.

-Директно за проектот од селото Кркља и повеќе улици во Крива Паланка, со вкупна должина од 1223 километри, изјави Ковачевски.


Премиерската функција бара и големи жртви и откажувања, па премеирот на моменти не може да им помогне дури и на најблиските.


-(ДАЛИ Е ТОА ВАШ СЕМЕЕН БИЗНИС ИЛИ МОЖЕБИ Е ВАШ СЕМЕЕН БИЗНИС?) Тоа е нејзина инвестиција која што ја има направено со свој сопствени средства. (ЗНАЧИ БЕЗ ВАША ПОМОШ?) Па без моја помош, зошто помош од мене во таа работа, изјави Ковачевски.


Не беше тешко да се дојде до овие неколку минути кога дозвола за тоа ќе имате токму од премиерот на државата.

-Слободно правете видеа од нашите трибини, порача Ковачевски.

Новинар: Матеја Петровски

Монтажа: Борче Петковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста