Министерката за култура не знае зошто серијата „Црвениот поет“ снимена со парите на граѓаните никаде не е емитувана

Министерката за култура не знае зошто серијата „Црвениот поет“ снимена пред повеќе од пет години со пари од граѓаните никаде не била емитувана. Тврди и дека не знае зошто и како продуцентот се уште добива други проекти и буџетски средства иако очигледно не го исполнил договорот за овој проект.

– „Морам да Ви кажам дека ја за ова немам информација зошто уште не се емитува, меѓутоа, би ми било драго да се информирам и да ви ја доставам и Вас информацијата, бидејќи ова финансирање оди преку агенција за филм, кој што се придружен орган на минстерството за култура, но како оди исплаќањето и зошто се уште не е промовирана не знам ни јас. Ќе се информирам и ќе Ве инфомрирам и Вам.“ – Одговори министерката Стојчевска.

Серијата „Црвениот Поет“ е снимена уште во 2017-та и се уште не била прикажана иако според договорот морала да се емитува на една од националните теливизии.

Уште пред неколку месеци продуцентот Владимир Анастасов се правдаше дека наводно телевизиите немале интерес за тоа, но оваа информација беше демантирана безмалку од сите национални телевизии кои излегоа со став дека производот никогаш не им бил понуден.

Главните елементи во серијата се антифашизмот и македонската борба за слободно изразување на македонското национално чувство. Има сцени како Кочо Рацин во униформа на тогашна кралска југословенска војска се бори против Германците, како Рацин е заробен од бугарски војници, како и сцени во затворот додека бил измачуван и испратен во логорот Корница во Бугарија.

Инаку, Во 2012та година имаше жестоки реакции од Бугарија по емитување на филмот „Трето полувреме“, кои пак дојдоа од највисоко ниво на бугарското раководство. Додека пак министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пред само неколку месеци изјави дека македонските автори треба да творат „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“, по што следуваа бурни реакции на филмаџиите, кои истакнаа дека отсега ќе треба да снимаат само љубовни филмови и серии.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста