Зеленски тврди дека Украина годинава ќе ги почне преговорите со ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги започне преговорите за пристапување во Европската унија оваа година. Зеленски истакнува дека Украина е „целосно подготвена“ за тоа

„Одржав состанок за Европската Унија за нашата интеграција. Оваа година треба да ги започнеме преговорите за членство. Украина е целосно подготвена за ова – го правиме она што е потребно од наша страна. И правиме се што е можно за да се осигураме дека ЕУ е исто така целосно подготвена. Токму оваа година“, истакна украинскиот претседател.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста