Власта ќе ја замрзнуцва цената на лебот и ќе ја укине евтината струја за фирмите, тие бараат реални мерки

Ќе се замрзне цената на лебот и од следната недела тој нема да надмине 33 денари најави министерот за економија. Според Крешник Бектеши, станува збор за белиот и полубелиот леб. Ова е само еден од производите со владината одлука за нивно намалување. Бектеши рече дека ќе следеле и други одлуки за замрзнување на цените. Но замрзнатите цени нема да траат вечно. Што ќе се случи кога тие ќе се одмрзнат, министерот не кажа.

  • Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите чии цени ќе бидат замрзнати. Ќе следат и нови одлуки, а се прават анализи и за цените на тестенините, рече Бектеши.

Министерот посочи оти се прават анализи и за тестенините, генерално за макароните и шпагетите и тие средства, како што посочи, ќе се користат во укинување на некои давачки, а со тоа ќе се влијае и во намалување на цените на истите производи и ако има потреба и за другите наведени во одлуката ќе ги замрзнат цените.

  • Не може да има разлика во делот на цената на лебот 28 до 38 денари на истиот леб. Дополнителнио ќе се утврди и количината и Државниот пазарен инспекторат ќе провери не само за цената, туку и за количината бидејќи е утврдено дека одредени производители, трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продаде и тоа ќе биде со утврдена цена за највисока можна цена. Под тоа може да биде, над тоа не може да биде, информира Бектеши.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

Од Министерството за економија до Владата доставија Предлог-одлука и за укинување на субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Од таму за Алфа велат дека не било фер да се укине ефтината струја за компаниите кои ги намалиле цените, другите, велат, нека се казнат.

  • Најавата за можно укинување на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија кои не ги намалија цените на основните прехранбени производи да биде, но не да биде за оние фирми кои тоа го сторија, вели за Алфа Горан Ѓорѓиевски, претседателот на Агро-бизнис комората на Македонија.

Од пекарската индустрија алармираат државата да покаже сериозност, и да му помогне на бизнисот со мерки. Од ден во ден, се повеќе работници ја напуштаат државата, во потрага по добра плата и нормална живеачка.

  • Вие гледате што се случува со останатите европски држави, имаат голем недостаток на работна сила. Геманија има потреба од 500.000 работници, Хрватска и другите поразвиени земји, тој одлив креира недостаток на кадар и ресурси кај нас, а тој недостаток формира повисоки цени на производите, додава Ѓорѓиевски, од Агро-бизнис комората на Македонија.

Фирмите што користеа субвенционирана струја од „ЕСМ Продажба“ плаќаа по 80 евра за мегават час, за да не ги намалат цените на основните прехранбени производи како што беше договорено, но ефектите изостанаа.  

Мерката за евтина струја ја користат 240 фирми што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната индустрија.

Тие за декември и јануари платиле сметки за струја од 1,2 милиони евра, а доколку би биле на слободниот пазар, би ги чинело најмалку 3 милиони евра. Планирано беше субвенцијата да ја користат до крајот на април.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста