Инвеститор поставил рампа пред стамбена зграда во центарот на Скопје, ќе градел – станарите бесни: Како ќе влегуваме?!

Дивеењето во Скопје никако да престане. Секој ден, нов циркус. Жителте од скопски Центар, поточно од улицата 50-та Дивизија бр. 26, се револтирани зашто инвеститор им го блокирал влезот пред од нивната зграда каде со години живеат.

Рано утринава им поставил табла на која пишува „НЕ ПАРКИРАЈ ПРИВАТЕН ИМОТ“, па така со кола не можат ниту да влезат, ни пак да излезат од сопствениот дом. Како што пред камерата на Алфа се пожалија станарите, на самиот пат инвеститорот планирал нешто да гради – што, никој не знае.

Еве што изјави Зоран Блажевски, жител на 50-та Дивизија бр. 26.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста