Г.Г. Стефан: Семејството е оформено од маж и жена, собрани сме да ги браниме најмилите од нови идеологии

  • Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии“ рече поглаварот г.г. Стефан.

Црквата не протестира против личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење не е бунт против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои за жал пред нашите очи запаѓа светот, порача поглаварот охридски и македонски г.г. Стефан, на сенародниот собир против содржината на законите за родова еднаквост и матична евиденција. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата, вели поглаварот.  

  • Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона – за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права“, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.

Во првите редови заедно со г.г. Стефан седеа и повеќе владици, католичкиот бискуп Киро Стојанов, како и академик Катица Ќулавкова. Собирот претходно доби поддршка и од Евангилско методистичката црква , како и од Исламската верска заедница, но претставници на ИВЗ не присуствуваа на протестот поради верски празник Бајрам.

Новиот предлог закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, порача академик Ќулавкова.

  • „Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот закон за родова еднаквост се мешаат категорите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува“, рече Ќулавкова.

Ставот на црквата против законскиот текст за родова еднаквост и матична евиденција го делат и верниците.

Црквата се осврна и на учебниците во образованието, кои според нив, ќе бидат диктирани од туѓи центри и туѓи држави, а во истовреме, веронауката и црковните предмети со години се потценети.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста