Започна осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

Актерите Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков и Никола Костадинов со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓоргиев, а во продукција на струмичкиот театар „Антон Панов“, ја кренаа завесата на дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на сцена на отворено во Градскиот парк во Струмица.

Фестивалот традиционално почнува на 8 Септември, Денот на независноста, а за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица,Коста Јаневски.

-Актерот над актерите, големиот Ристо Шишков, повторно не собра на едно исто место, и покрај неговото долгогодишно физичко отсуство. Но неговата духовна присутнот останува во спомените за него и за неговата раскошна актерска оставнина, но и во постоењето на фестивалот кој гордо го носи неговото име, рече Јаневски.

До 13 септември, кога завршува Фестивалот, ќе се одиграат осум претстави исклучиво од земјава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста