Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава

Земјотрес со интензитет од три степени, според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван изутринава во 6 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија.

Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Advertisements