Украина го совлада Европскиот првак и си обезбеди место на ЕП

Во дербито на вечерта Украина оствари голема победа над Португалија од 2-1 со која го осигура своето место на континенталниот собир. Украинците речиси до недостижна предност стигнаа на стартот од мечот кога преку головите на Јеремчук и Јармоленко поведоја со 2-0.

Европскиот првак се обиде да се врати во игра и во 72 минута преку Роналдо со удар од белата точка намалија на 2-1, резултат кој беше и конечен. По овој меч Украина е недостжна со 19 бода, додека Португалија е втора со 11, но и со само бод предност во однос на Србија која славеше на гостувањето кај Литванија со 1-2.

Сепак мали се шансите на Србија да бидат втори ако се знае дека Португалија во последните две кола игра против Литванија и Луксембург, селекции кои реално не би требало да претставуаат поголем проблем за Роналдо и соиграчите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста