УЈП пушти 300 инспектори во „КАМ“, редовна контрола или неправилности во работењето?

Од утрово голем број од „КАМ“ маркетите беа со жолти ленти на вратите и не работат. Во јавноста се претпоставуваше дека УЈП врши контрола заради неправилности, но сега се огласија од „КАМ“ и објаснија што се случува. Се вршело редовна контрола и најавуваат дека во текот на денот ќе продолжеле со работа. Сепак останува дилемата – зошто само „КАМ“ маркетите се на тапет?!

Ланецот „КАМ“ маркети под лупа на инспекцјата. УЈП врши проверки во 84 продавници кои беа затворени за купувачи сè додека не заврши контролата на инспекторите. Чешлањето, според нив, се правело на целокупното работење на маркетите, односно дали се почитуваат измените на даноците, колкави се залихите во магацините во споредба со книговодствената евиденција и колкави се приходите и трошоците за работа. УЈП синоќа ги пломбирала сите продавници на ланецот маркети за да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините. Денеска жолтите ленти беа отстранети.

  • Заради прекин на пописот во доцните вечерни часови на 21.03.2022 година и обезбедување на просториите со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините, УЈП согласно член 23 од Законот за УЈП, изврши запечатување на објектите. Сите објекти во раните утрински часови на 22.03.2022 се отворени, и пописот продолжи. Се планира да заврши денеска, велат од УЈП.

Останува нејасно зошто се чешла само овој ланет на маркети, и дали во земјава сите останати работат регуларно – од УЈП барем за сега одговор нема.

По бурата реакции, се огласија и од „КАМ“ од каде очеуваат во текот на денот, маркетите да продолжат со работа.

  • Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во „КАМ“ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности, велат од „КАМ“.

Граѓаните збунети. Реагираат зошто не работи еден од најефтиниот супермаркет во државата, сега – кога е најмногу потребен.

Од УЈП појаснуваат и дека контролата била започната по утврдени нерегуларности според Законот за трговски плаќања по промената на нула ДДВ за прехранбените производи. За тоа какво завршиле контролите, велат дека не можат да кажат, зашто тоа било даночна тајна. Инаку, УЈП испрати над 300 инспектори во повеќе супермаркети од овој бренд.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста