Угостителско-туристичкиот сектор во земјава на стаклени нозе, прометот опаднат за над 80%

Драстичен пат на угостителско туристичкиот сектор во земјава, алармираат стопанствениците. Велат дека загубите биле огромни, и надминале 80%. Тутистчките работници кои се сретнаа со министерот му ги посочија проблемите кои ги тиштат периодов, и бараат сериозна државна помош. и покрај лошите параметри во секторот, министерот за економија смета дека туризмот и угостителството треба да работи и во недела за да се привлечат поголем број на странски туристи.

Од секторот информираа дека речиси и да немаат ангажмани за новогодишни патувања, па дури и посети на места во земјава, додека пак угостителите поради ограничувањата нема ни да ги организираат традиционалните забави.

  • До крај на годината ќе гледаме да преживееме, предизвикот е многу голем да се опстане во оваа криза, сите менаџираат на начин кој можат, меѓутоа сите сме веќе пред крај со сите ресурси, истакна Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора
  • На туризмот му треба навистина помош, бидејќи во моментов и изминатава година, поголем дел, се соочува со многу предизвици, како да опстои и како да преживее, вели Асим Меѓедовиќ, Потпреседател на здружението за туризам и угостителство.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста