Македонија во рецесија – бизнисмените и експертите со критики контра оптимизмот на власта

Минусот во економијата од 4,9% беше очекуван, лошите бројки во бизнисот воопшто не се изненадување, вели за Алфа бизнисменот Горан Рафајловски откако земјава и официјално влезе во рецесија. Според него, пандемијата и сериозните последици кои ја жигосаа економијата немаат основ за позитивни сигнали.

Бизнисот не е оптимист ни дека последниот квартал од годинава ќе има закрепнување. Напротив, стабилизирање на економијата очекуваат некаде после средината на следната година. Бараат власта конечно да покаже сериозност

  • Владата треба сериозно, и одма да се зафати со развивање на стратегија, каде ќе се развива Македонија, и тоа да биде и на сите субјекти за спас на земјава и за просперитет за подобрување на стопанството кое треба да добие правец. Инаку, рецесијата е очекувана, негативните бројки воопшто не се изненадување за бизнисот. Стабилизирање на економиајта очекуваат некаде после мај до година, вели за Алфа бизнисменот Горјан Рафајловски.

Загрижени се и експертите. Поранешниот гувернер Љубе Трпевски не го дели оптимизмот со власта. Предупредува дека кризата ќе потрае а за заздравување вели може да се зборува дури на крајот на наредната година но само ако се смири пандемијата.

  • За жал, не може да се кажат многу оптимистички прогнози, зашто сега се соочуваме со убедливо најголемата економска криза до сега, можам да кажам и уште поголема од онаа економска криза од големата светска киза 23-та – 33-та година. По оваа ситуација може тешко да се предвиди заздравување периодов, тоа може да се очекува тек кон средината на слената, или кон крајот на 2021 година , вели за Алфа, Љубе Трпевски, поранешен Гувернер на Народната банка.

Во услови на криза, бизнисмените критикуваат дека власта не го решава еден од клучните проблеми на македонската економија. Сивата зона, која надминува 40%. Ова според Рафајловски е погубно за буџетот но и за бизнисот кој работи, плаќа даноци а добива нелојална конкуренција.

  • Владата има единствена сериозна задача. Тоа што сме во рецесија да, но што понатаму. Владата, вели, мора под итно да ги засука ракавите и да поработи на сузбивање на сивата економија, која надминува 40%, а Народната банка да влијае врз банките да го одврзат ќесето и да почнат да кредитираат бизниси, не само да даваат хипотекарни кредити, додава бизнисменот Рафајловски.

Дури во 2022 година би се вратиле на нивото кое беше пред кризата со пандемијата која буквално навлезе во секоја пора од општеството. Експертите и бизнисмените реагираат откако Македонија и официјално влезе во рецесија, а народната банка предупреди дека економијата ќе заврши со минус од 4,9%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста