Tуристичките работници, угостителите, трговците алармираат за сериозни штети поради Kовид мерките

Владините рестриктивни мерки покрај угостителството, драстично го погодија и туризмот. Туристичките работници се жалат дека се е оставени на цедило, со месеци трпеле огромни загуби заради отакжаните аранжмани, а немале никаква финансиска поддршка и покрај тоа што уредно ги плаќаат давачките кон државата.

  • Финансиската поддршка во моментот е неопходна за туристичките водичи на кои ова им е основна дејност и немаат приходи по било која друга основа. Во таа насока, веруваме дека институциите ќе ги разгледаат нашите предлози кој веќе има разработено мерки кои треба да овозможт поддршка на краток рок согласно моменталните услови во кои се наоѓаме, а како резултат на здравствено-економскaта криза, но и долгорочно со нивната имплементација може да се стави ред во дејноста и да се елиминира нелојалната конкуренција која предизвикува штети  и врз буџетот на државата, вели во изјава за Алфа, Елвир Садиковиќ од Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници.

За да не замре овој сектор, кој вработува над 1.000 бараат државата итно да им помогне.

  • Ние како туристичките водичи алармираме ако државата серионо не ни помогне, оваа дејност ќе замре, и ќе нема кој да ги прошета гостите кои ќе дојдат во Македонија. Во моментов, секторот обединува над 1.000 туристички водичи, кои од месец март не остваруваат никакви приходи, како резултат на пандемијата, вели во изјава за Алфа, Елвир Садиковиќ од Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници.

Заострените рестрикции, драстично ги погодија и игрите на среќа. Ретко кој влегува во обложувалница или казино, реагираат од секторот. Прометот им бил опаднат од 50% до 70% изминативе две недели. Ако не добијат владина помош, ќе бидат принудени да им поделат откази на над 13.000 вработени.

Намалена посетеност до 60% и драстично опаднат промет бележат и трговските центри. И покрај почитуањето на сите мерки, за нив е нејасно – зошто со негативен ПСР тест да не можат да влезат посетители. Велат ако ударот продолжи можно било и заминување на брендови.

  • Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30% до 49%, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итната мерка, поточно посетителите во затворените молови да влагаат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји, изјави за Алфа Дамјан Корубин, од менаџментот на „Скоје Сити Мол“.

На речиси и никаков промет се жалат и угостителите. Неофицијално, добиле уверување дека наредната недела можно е олабавување на мерките. Инаку, веќе од понеделник, Комисијата за заразни болести повторно ќе разговара и ќе се одлучува за евентуално олабавување на мерките, за секторите да не книжат загуби.  

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста