ТУРАМ ПОРАДИ ПЛУКАЊЕ ПРОТИВНИЧКИ ИГРАЧ КАЗНЕТ СО ПЕТ МЕЧА И 40 ИЛЈАДИ ЕВРА


Фудбалерот на Борусија Менхангладбах, Маркус Турам е суспендиран пет натпревари за плукањето врз Стефан Пош од Хофенхајм. За ваквиот потег најпрво доби жолт картон, но по ВАР-прегледот беше исклучен од игра. Покрај казната од пет натпревари, синот на легендарниот Лилијан Турам дополнително треба да плати и глоба од 40 илјади евра.