Со ремито во Естонија треба да сме среќни, но никако задоволни

Треба да бидеме среќни, но никако и задоволни што одигравме реми на гостувањето во Талин против Естонија. Избегнавме катастрофален пораз, со оглед дека домаќинот поведе со 3-1 во 76-тата минута. Колку значи присуството на капитенот Пандев се виде откако заедно со Несторовски влегоа во игра на 25 минути до крајот. Веднаш имавме шанса преку Трајковски, но не искористи пенал. Затоа Пандев во 80-тата намали на 3-2, а пред самиот финиш Зајков ги постави конечните 3-3. На овој, за разлика од оној меч со Косово, селекторот Ангеловски истрча со осум промени во тимот, кои генерално не ја искористија својата шанса.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста