Смртни закани добивал првиот човек на ССК, бара помош од институциите

Запален автомобил, писма и јавувања со смртни закани, присила за поднесување на оставки. Раководтсвото на Сојузот на Стопански Комори алармира дека е под сериозен притисок и закани по нивниот живот. Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, денеска јавно алармираше дека извесен период се под континуирани закани по нив, но и нивен имот, од за сега, непознати сторители. Освен личните закани на Ангеловски, и на извршната директорк на ССК Христина Стојановиќ и е запален автомобилот.

  • Веќе втор месец јас лично добивам закани, притисоци, кои на ниту еден начин не се испровоцирани, ниту е даден повод и причина, а во изминативе денови веќе кон извршната директорка на многу експлицитен начин се извршија одредени акти кои навлегуваат дури и во сферата на потешки криминални дејства и потешки дела на безбедноста. Станува збор за телефонски и закани упатени преку писма, а изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, рече Ангелоски.

Ангеловски рече дека заканувачите му кажале  итно да си поднесе оставка, од како што му било речено – здравствени причини, за на негово место да застанел друг човек. Случајот, рече, веднаш го привавиле во полиција.

На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК.

Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.

На новинарско прашање на што се однесуваат заканите Ангелоски посочи дека според писмото што го добил како слика што му го испратила извршната директорка додека тој со државната делегација изминатите денови престојуваше во Дубаи, јасно се иницира дека станува збор за работи поврзани со ССК.

Посочи дека не може да шпекулира и наведе дека можеби заканите се од структури кои се внатре или кои не се веќе во ССК, но оти оставаат на институциите да си ја завршат својата работа.

  • Заканите се однесуваат околу функционирањето на ССК, не станува збор за државна институција, туку за одредени лица кои можеби се внатре, кои можеби повеќе не се во Сојузот. Но, генерално од заканите и писмата тоа веќе го има во документациска форма и во МВР јасно иницира, се бара еве кон мене да поднесам оставка од здравствени причини и доколку не го сторам тоа дека знаете ќе ви се случи, имате ветувања од ваков или онаков тип, рече Ангелоски.

Од МВР го потврдија случајот и велат дека искрагата е во тек. Се преземале мерки за пронаоѓање на сторителите.

  • На 25.02.2022 во 01.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”АСНОМ” настанал пожар во патничко возило “мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(37) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од БППЗ. Увид извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зошто стигаат заканувачки пораки и зошто со сериозни закани се соочува раководството на Сојузот на Стопански комори, барем за сега конкретен одговор нема. Сегашниот претседател на ССК Трајан Ангелоски, доаѓа на местото на сегашната градоначалничка на Сопје, Данела Арсовска.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста