Скопјанка почина откако во неа удри автомобил, познат нејзиниот идентитет

На 14.07.2021 во 16:40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје.

На местото на незгодата починала Б.З.

Смрт констатирал лекар, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста