Расправата за минималната плата продолжува утре

Иако помпезно најавувана дека денеска ќе се изгласа, Законот за минимална плата сепак ќе продолжи во текот на утрешниот ден на Пленарна седница. Опозицијата го повтори ставот дека ова законско решение ќе се добие нивна поддршка, но изразија жалење што пратениците од власта не прифатиле ниту еден предложен амандман бидејќи со нив ќе се подобрел текстот на законот. Ги обвинија од власта зашто свесно ги кочеле дел од Законите.

Министерката за труд и социјала го образложи овој предлог закон. Рече дека денеска не е на дневен ред законот за скалесто зголемување на останатите плати. Таа рече дека текстот е подготвен во дијалог со работодавците и работниците и дека е донесено решение кое го поддржале сите, односно минималната плата да биде 18.000 денари.

Во самиот Предлог-закон е предвидено државата да ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари“, рече Тренчевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека нивната пратеничка група ќе го поддржи предлог законот за минимална плата.

Не е потребно зголемување само на минималната плата, туку на сите плати во сите дејности“, рече Стојановски.

Во продолжение дел од расправата во Собранието.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста