Бугарски пасош земаат – на избори во Бугарија не гласаат

Бугарското вето не било пречка во последните 15 години дури 86 илјади Македонци поради работа во земјите од ЕУ да извадат бугарски пасоши, покажуваат официјалните бројки споделени од бугарското Министерство за правда.

Според податоците на бугарското министерство за правда дадени за агенцијата БГНЕС во последните три години нагло се зголемил бројот на Македонците кои станале бугарски државјани. Само во 2020 година, според овие податоци, нивниот број е над 9.000 луѓе, а во 2021 година бил 7.692. Оваа бројка за 2021 е половина од сите 15.167 лица кои минатата година добиле бугарско државјанство.

И покрај ваквите бројки кои ги лиферуваат бугарските власти, сепак одвај 650 лица со бугарска самосвест од Македонија гласале на последните избори во Бугарија, на изборачки места во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип. Ова само ја потврдува информацијата дека македонските граѓани поради економски причини се одлучуваат за двојно државјанство.

Со ваквите бројки паѓаат во вода обидите на бугарските власти да наметнат информации дека дури 300 илјади лица низ годините се изјасниле како Бугари.

На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста