РАНО ПОПЛАДНЕВО ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИГРА 27. КРУГ ВО ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Рано попладнево се играат сите 6 дуели од 27. круг во нашата Прва фудбалска лига. Лидерот Шкендија ја дочекува Академија Пандев, вториот Шкупи игра со Беласица, а третата Македонија Ѓорче Петров со Борец. Во директен двобој за четвртото место Струга му е домаќин на Работнички, во мегдан за опстанок Вардар одмерува со Ренова, а Пелистер се соочува со Силекс. Шкендија води со 59, десет бода предност во однос на Шкупи и 15 пред Македонија Ѓорче Петров.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста