РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ГО ДОЧЕКУВААТ ВЕСПРЕМ (18.45) ВО ПРВО СООЧУВАЊЕ ОД 1/8 ФИНАЛЕТО ВО ЛШ

-Ракометарите на Вардар попладнево го дочекуваат Веспрем во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.Тоа е дуел од 18.45 во Јане Сандански во кој двојниот европски првак е во подредена ситуација зошто во прелиминарните групи црвено црните беа седми со три победи во А составот, а Унгарците беа втори со 9 успеси. Настана што тука е одлично пополнетиот состав на Веспрем и не така широкиот на Вардар. Во секој случај, скопјани нема што да загубат, а тоа веќе добра појдовна точка за така големо дерби како што е попладневот во Скопје. Инаку денеска во Лигата на шампионите има уште три дуела: Мотор-Брест, Цеље-ПСЖ и Порто-Алборг. Еден е утре: Елверума-Барселона, а два се одиграа вчера и во нив Кил славеше кај Пик Сегед со 33-28, а Киелце кај Нант со 25-24.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста