Пропадна средбата меѓу СОНК и Владата за зголемување на платите во образованието, ќе има ли штрајк?!

Пропадна обидот за договор кој ќе го смири ревиолтот во образованието. Власта и синдикатот седнаа на маса ама не договрија ништо околу зголемувањето на платите на кое инсистира синдикатот. Како наближува 11 април, така станува се позивесно дека штрајкот ќе се реализира. Синдикалците не попуштаат, а владата се заканува со казни ако не се обезбедат услови за згрижување на деќињата во градинките.

Владата и СОНК не се договорија за постигнување решение за скалесто зголемување на платите во образованието. Двочасовната средба пропадна, и најверојатно ќе има штрајк на 11 април.

Првиот синдикалец Јаким Неделков е разочаран што нема никакво решение, и вели дека не било мудро да се заплашуваат воспитувачите дека на нивно место ќе се донесат нови заменски, ако престанат со работа.

  • За жал немаме краткорочно решение со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите за дејностите кои ги застапуваме за процент од 18,4%. За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса. Од една страна излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме ниту на јавноста ниту на членството. Очигледно, или несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април кој може да има сериозни последици за сите. Имаше изјави дека покачувањето може да предизвика потрес на буџетот и инфлација, но не верувам дека тоа е така, изјави Неделков по завршувањето на средбата за медиумите.

Од Владата велат дека преговорите продолжуваат. Министерката за труд и социјала е оптимист дека деновиве ќе се изнајде конкретен предлог. Правото на штрајк, вели, е легитимно, но сепак и по Закон и по Устав децата во градинките мора да бидат згрижени.

  • Jас сум оптимист дека договор сепак ќе се постигне пред да започне генералниот штрајк. Дијалог продолжува ние сите сме оптимисти дека ќе дојдеме до заедничко долгорочно решение до 11 април. Мора да знаеме дека Законот за детска заштита предвидува казни за тоа и дека градинката е должна да најде замени за сите што ќе штрајкуваат, изјави таа по завршувањето на средбата.

И покрај оптимизмот кај власта, СОНК не отстапува од барањето за зголемување на платите за 18,4% односно нивно усогласување со миниманата плата.

Ако не дојде до договор за платите до 11 април, образованието ќе штрајкува. Нова рунда преговори се очекува да има во текот на оваа недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста