Пронајдени делови од човечки леш во атар на с.Долно Дупени

На 28.07.2020 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Долно Дупени, ресенско, по претходна пријава за пронајден човечки череп, од полициски службеници бил извршен преглед и претрес на теренот.

При претресот во атар на с.Долно Дупени, на место викано „Големи Грми“, биле пронајдени делови од човечки леш.

По наредба на Јавен обвинител истите се подигнати и предадени на обдукција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста